Во август поминале 131.486 патници

Bez autora
Sep 12 2013

Расте бројот на превезени патници на двата домашни аеродроми. Воведувањето на повеќе летови од страна на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс, Аустриан ерлајнс, Кроација ерлајнс и Флај Дубаи, како и отворањето на нови дестинации доведоа во август оваа година бројот на превезени патници да порасне за 20,5% во споредба со истиот месец лани. Преку Скопскиот аеродром патувале 115.023 патници, што претставува зголемување од 23,1%, а Охридскиот го користеле 16.463, или вкупно во август на двата аеродроми поминале 131.486 патници. Во текот на првите осум месеци од 2013 година во споредба со претходната има зголемување на бројот на патници од 17,5% со вкупно 732.831 превезени патници.

Во август поминале 131.486 патнициРасте бројот на превезени патници на двата домашни аеродроми.

Воведувањето на повеќе летови од страна на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс, Аустриан ерлајнс, Кроација ерлајнс и Флај Дубаи, како и отворањето на нови дестинации доведоа во август оваа година бројот на превезени патници да порасне за 20,5% во споредба со истиот месец лани. Преку Скопскиот аеродром патувале 115.023 патници, што претставува зголемување од 23,1%, а Охридскиот го користеле 16.463, или вкупно во август на двата аеродроми поминале 131.486 патници.

Во текот на првите осум месеци од 2013 година во споредба со претходната има зголемување на бројот на патници од 17,5% со вкупно 732.831 превезени патници. Зголемен е и бројот на летови, односно движења на воздухоплови. Од јануари до август биле реализирани 8.489 операции на воздухоплови што е зголемување од 9,9% во споредба со истиот период од 2012 година. Во август, пак, има значително зголемување од дури 16,2% во споредба со истиот месец лани.

Покрај редовните линии, во текот на летната сезона неколкупати неделно имаше летови до туристичките дестинации Анталија и Измир во Турција со авиокомпаниите Корендон и Сан експрес, како и неколку чартер-летови до Катанија, Сицилија. Патниците и понатаму покажуваат особен интерес за линиите на Визер".

Најпопуларна дестинација од Скопскиот аеродром во август била Истанбул. Следуваат Виена, Цирих, Лондон и Малме. Помеѓу јануари и август, пак, петте најпопуларни дестинации се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со Визер, Туркиш ерлајнс, Аустриан ерлајнс, Адриа ервејс и Пегасус ерлајнс.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik